Брзо соелно предјадење: Посен ролат со обланди и туна

За посна варијанта, филот е на база на туна, а можете да ја замените и со рендана шунка.



Состојки:

  • 1 лист обланда
  • 1 конзерва туна
  • 3 поголеми кисели краставички
  • 2 лажици препечен сусам
  • 100 гр маргарин


Начин на подготовка:

Обландата свиткајте ја во влажна крпа да омекне.

Маргаринот разматете го, додајте исцедена туна и пропржен сусам, матете уште малку па додајте ситно сечкани краставички. Сè убаво измешајте. По желба додајте магдонос и малку компир.

Филувајте ја обландата и свиткајте ја. Свиткајте во алу фолија и оставете да отстои најмалку 24 часа во фрижидер пред послужување.

Добар апетит!