Крцкаво похована моцарела

Идеално предјадење, а ако го послужите со сезонсја салата имате комплетен оброк!



Состојки:

  • 300 гр свежа моцарела
  • 1 јајце
  • 1,5 шолја презла
  • 1/2 шолја брашно
  • 2 лажички лук во прав
  • 1 шолја доматен сос
  • масло
  • сол


Начин на подготовка:

Исечкајте ја моцарелата на парчиња. Во еден сад разматете јајца, во друг ставете брашно, а во трет презла измешана со лук во прав и сол.

Парчињата моцарела прво извалкајте ги во брашно, па во јајца, а потоа во презла.

Ставете ги парчињата на чинија и оиставете ги да се изладат околу еден час во фрижидер.

Пржете ја моцарелата во загреано масло. Сервирајте со подгреан доматен сос.

Добар апетит!