Ориентална кисело лута супа со ѓумбир како домашна инфузија

Сакате луто, сакате кисело, сакате здраво? Ова е вистинската супа за вас!

 

Популарната супа од Азија добива се поголема популарност во Европа. Детокс, диетална и здрава - оваа супа ќе стане дел од вашите оброци.

Состојки:

  • 1 црвена лута пиперка
  • 1 лажичка рендана кора лимон
  • 3 см корен од свеж ѓумбир
  • 1 морков
  • 1 праз
  • 1 лажица сусамово масло
  • 1 лажица оцет
  • 1 л пилешки бујон
  • 1 лажица густин
  • 3 лажици соја сос
  • малку бибер


Начин на подготовка:

Пиперката исчистете ја од семки и ситно исечкајте ја. Ѓумбирот изрендајте го, морковот исечкајте го на стапчиња, а празот на кругови.

Во тенџере загрејте сусамово масло, па кратко продинстајте ги пипекрата, ѓумбирот, морковот и кората од лимон. Додајте праз па налијте 900 мл супа и лажичка оцет. Во остатокот од супата додајте лажица густин, измешајте и додајте го во супата. Почекајте да зоврие па гответе уште неколку минути. Зачинете со соја сос и бибер.

Добар апетит!