СДСМ води пред ВМРО-ДПМНЕ на новите анкети: Се топи рејтингот на Груевски

Телевизија Телма во својата емисија Топ тема ја објави последната анкета која покажува дека, во пресрет на локалните избори, СДСМ води со три отсто пред ВМРО-ДПМНЕ. Анкетата ја направи
Македонскиот центар за меѓународна соработка .

 

Промената на односот меѓу двете најголеми партии е уште повидлива кај рејтингот на лидерите на двете водечки партите, односно на лидерот на СДСМ Зоран Заев, наспрема рејтингот на Никола Груевски.

За прв пат Никола Груевски како лидер има понизок рејтинг од ВМРО-ДПМНЕ како партија.Дури 58,9 отсто од  испитаните граѓани се задоволни од работата на новата влада./Макфакс