Саша Богдановиќ е кандидат на СДСМ за градоначалник на општина Центар

Саша Богдановиќ, директорот на Јавното претпријатие „Паркинзи Општина Центар“ ќе биде кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Центар, потврди лидерот на партијата и премиер, Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето на договорот со лидерите на 21 партија за предизборна коалиција.

 

Заев ја потврди кандидатурата на Богдановиќ, откако актуелниот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски се повлече од трката за втор градоначалнички мандат и, како што се договорил со премиерот и лидер на СДСМ, ќе добие функција во централната власт.

Инаку, Заев и лидерите на 21 партија вечерва потпишаа договор за заеднички настап на локалните избори под мотото „Живот во Македонија за сите“.

– Формиравме предизборна колаиција предводена од СДСМ за следните локални избори. Настапуваме отворено, го слушнавме гласот на граѓаните кои избраа заедништво, наспроти поделби. Граѓаните од целото општество имаат шанса да учествуваат во промените и тоа го прават. Затоа сум убеден дека оваа колаиција по промената на централно ниво ќе донесе и промени на локално ниво на изборите на 15 октовмри – рече Заев.

Извор: Мета.мк