Оваа банка ќе ви уплаќа по 86.400 евра секој ден, само ако почитувате ДВЕ ПРАВИЛА!

Замислете: секое утро кога ќе се пробудите, една банка на вашата сметка става 86.400 евра.

 

Еве кои се правилата на оваа банка:

Првото правило гласи: Се` што не сте успеале да потрошите во текот на денот, ви се одзема навечер! Не смеете да лажете, ниту да префрлувате пари на друга сметка. Имате право да го потрошите истиот ден, но не заборавајте дека секое утро кога ќе отворите очи банката ви отвора нова сметка со нови 86.400 евра за тој ден и така секој ден.

Второ правило: Банката може да ја прекине „играта“ без никакво предупредување! Во било кој момент може да ве извести дека се` е готово и дека сметката се затвара.

Претпоставуваме дека сите, добиени пари ќе ги потрошите на забава и купување подароци за себе си и за оние кои ги сакате. Можеби ќе подарувате и на оние кои не ги познавате, само банката да не ви ги земе парите назад. Ќе се трудите секое евро да ви донесе среќа и задоволство.

Па каде има таква банка?

Таа чудесна банка ја имаме сите на располагање. Тоа е ВРЕМЕТО!

Секое утро кога ќе се пробудиме, нашата животна банка ни отвара кредит од 86.400 секунди живот за тој ден. Се` што не сме проживеале тој ден – изгубено е. Вчера засекогаш замина! И секое следно утро таа магија се повторува. Затоа да не го заборавиме неизбежното правило дека банката може да ја затвори нашата сметка секоја минута, без предупредување. Во било кој момент нашиот живот може да запре.

Што правите вие со вашите 86.400 секунди на ден?!