Илјадници луѓе евакуирани во Москва поради дојави за подметнати бомби

Повеќе од 20.000 лица денеска биле евакуирани од трговските центри, железничките станици, театри и од универзитети во Москва поради речиси симултани дојави дека на повеќе места во градот е поставен експлозив, јавуваат светските агенции.

Повеќе: Илјадници луѓе евакуирани во Москва поради дојави за подметнати бомби

Екс премиерот по нередите во 1998 се криел во Македонија

Поранешниот шеф на албанската тајна служба, Фатос Клоси, изјави дека по распадот на системот и институциите во Албанија во 1998 година и заземањето на зградата на владата во Тирана од страна на демонстрантите, тогашниот премиер Фатос Нано заедно со неговото обезбедување ја напуштил Тирана и заминал преку планините за да се скрие во Македонија.

Повеќе: Екс премиерот по нередите во 1998 се криел во Македонија

Ирма однесе 55 животи, познати личности се вклучија во собирање помош за обнова

Властите објавија дека бројот на жртвите од ураганот Ирма на Флорида се искачил на 12, додека вкупниот број на загинати од невремето е 55. Најпознатите американски филмски и музички ѕвезди организираа Телетон, со цел собирање пари, неопходни за обнова на регионот погоден од ураганот.

Повеќе: Ирма однесе 55 животи, познати личности се вклучија во собирање помош за обнова

Дисквалификувани 86 кандидати за локалните избори во Косово

Централната изборна комисија на Косово денеска го прифати предлогот на Канцеларијата за регистрација на политички партии за дисквалификување на 86 кандидати за локалните избори, закажани за следниот месец.

Повеќе: Дисквалификувани 86 кандидати за локалните избори во Косово

ТРАГЕДИЈА: Родители и нивниот 11-годишен син паднале во вулкан

Три лица денеска паднаа во вулкански кратер во Поцуоли, во близина на Неапол, Италија. Како што јавуваат тамошните власти, во несреќата нема преживеани.

Повеќе: ТРАГЕДИЈА: Родители и нивниот 11-годишен син паднале во вулкан

Авион се урна на имотот на британската кралица, има загинати

Најмалку две лица загинале, кога мал патнички авион се урнал на имотот на британската кралица Елизабета, во Сандрингам, Норфолк.

Повеќе: Авион се урна на имотот на британската кралица, има загинати

Страница 1 од 658