Никогаш не гледајте порнографија на телефон - ЕВЕ ЗОШТО

Ако спаѓате во групата која гледа „филмови за возрасни“ на својот мобилен телефон, можеби ќе ве изненади дека вашата навика не е тајна како што мислевте.

 

„Гледањето порно филмови на мобилни телефони претставува многу поголема закана по корисниците отколку гледање порнографија на десктоп компјутери. Оперативните системи на смартфоните, особено Андроид, далеку се понебезбедни од оперативните системи на десктоп компјутерите, со оглед на големата ранливост која ИТ криминалците би можеле да ја злоупотребат“, предупредува „Wandera“.

„Wandera“ исто така спровела истражување кое покажало дека 40 од 50-те најпопуларни порнографски сајтови се чувствителни на вируси.

Станува збор за вируси кои можат да се инсталираат на вашиот телефон и кои можат да собираат приватни податоци за корисничките навики, а хакерите потоа да ги искористат тие сознанија за уценување на сопствениците на мобилни телефони.

Минатата година така протекоа лични податоци на повеќе од 800.000 корисници на сајтот „Brazzers“, а исто така постои начин да некој ги види сите сајтови кои сте ги посетиле иако сте ја избришале историјата, пишува News.